Регион

Голем пожар во фабрика за бисквити во Грција, најмалку четири лица загинати

26.01.2026 14:31

Според сведоштва на локалните жители, пожарот бил придружуван од серија силни експлозии.

Голем пожар избувна во позната фабрика за бисквити во градот Трикала, Грција. Најмалку четири работнички загинаа.

Според сведоштва на локалните жители, пожарот бил придружуван од серија силни експлозии.

Несреќата се случила околу четири часот по полноќ, за време на ноќната смена на која работеле 13 вработени во погонот за производство и печење.