Игран филм

ЗАСЛЕПЕН

Понеделник, 20:15

За да ја освои љубовта на својот живот, Елиот Ричардс склучува договор со ѓаволот.

Елиот Ричардс (Брендан Фрејзер) се заљубува во колешката Алисон (Френсис О'Конор), која едвај го забележува. Во својата желба да ја освои, тој е подготвен буквално на сè. Но, неговата очајност ја почувствува ѓаволот отелотворен во секси жена (Елизабет Харли), која му понуди седум желби во замена за неговата душа.

Улоги: Брендан Фрејзер, Френсис О'Конор, Елизабет Харли

Режија: Харолд Рамиз