Интеграции

Власта бара решение за превозниците, опозицијата со забелешки за Николоски

26.01.2026 16:57

Скопје го адресираше проблемот на превозниците и во Брисел. Власта го повика амбасадорот на Кипар, кој во Собранието ги претстави приоритетите на претседавањето со Советот на ЕУ да се најде решение за престојот во Шенген-зоната. Опозицијата, пак, му забележа на Николоски дека ништо не направил за камионџиите.

Проблемот со транспортерите мора веднаш да се реши. Порака упатена од Собранието директно до Европската унија и Кипар, како претседавачот на Советот. Трпи економијата, а проблемот требаше да биде решен уште вчера.

Граѓаните повторно ќе го платат цехот. Тие и економијата ќе го почувствуваат ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето на новиот електронски систем од Европска унија, рече Филипче кој претседава со Националниот совет за евроинтеграции. Тој го критикуваше министерот за транспорт.

Кипарскиот амбасадор, претставувајќи ја програмата на неговата земја за шестмесечното претседателствување со Советот истакна дека посветува посебно внимание на Македонија признавајќи го ангажманот во делот на реформите и во владеење на човековите права и слободи.

Кипар ќе претседава со Советот под мотото „Автономна унија отворена кон светот“.

Миле А. Ристески