Кина

Кина покренала истрага против својот врховен генерал, наводно одавал нуклеарни тајни на САД

26.01.2026 16:07

Под истрага е и друг висок офицер. Кинеското МНР демантира...

„Волстрит Џурнал“ објави дека Кина покренала истрага против врховниот генерал Жанг Јуксија, втор човек по Шји Џинпинг, поради сериозни прекршувања на дисциплината и законот, вклучувајќи наводно одавање нуклеарни тајни на САД и примање мито.

Под истрага е и друг висок офицер. Кинеското МНР демантира.

„Немам информации за такво нешто“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на Министерството за надворешни работи на Кина.