Обвинителство
Истече рокот од огласот за избор на нов државен јавен обвинител
27.01.2026 08:55
До Собранието се поднесени неколку кандидатури од судии и обвинители кои сакаат да го наследат Коцевски...

Истече рокот од огласот за избор на републички обвинител. До Собранието се поднесени неколку кандидатури од судии и обвинители кои сакаат да го наследат Коцевски. За функцијата претендираат судијата Ненад Савески, актуелната в.д. републичка јавна обвинителка Анита Тополова – Исајловска, поранешниот претседател на кривичен Владимир Панчевски, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска.
Кандидатите треба да добијат зелено светло од Советот, потоа Владата да направи избор што ќе го проследи до Собранието, кое ќе гласа со просто мнозинство.
