Временска прогноза

Облачно со повремен локален дожд

27.01.2026 08:12

Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури денес ќе се движат од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.