Влада

Премиерот Мицкоски во работна посета на Општина Гази Баба

27.01.2026 08:01

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на неколку значајни инфраструктурни проекти...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на неколку значајни инфраструктурни проекти.

Според агендата премиерот ќе го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на улицата „Петре Филиповски-Гарката“ во населбата Триангла а веднаш потоа ќе присуствува на поставување на камен-темелник за нова спортска сала во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара.

По завршувањето на активностите во училиштето, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите во врска со новите проекти во општината.