Превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини
Вчера точно напладне, камионџиите ги блокираа граничните премини за товарен сообраќај. Со тоа го искажаа незадоволството од новите правила за престој во Шенген-зоната што ќе важат од 10-ти април…

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во Шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.
Министерот за транспорт Николоски им понуди три решенија за излез од ситуацијата. Европската комисија ќе го решава преку визната стратегија.
Решението да се бара преку институциите, а не преку блокади, побара Стопанската комора. Новите правила ќе значат поскапи производи за граѓаните, како и дополнителен недостиг од возачи на камиони, апелираа транспортерите кои ги блокираа граничните премини.
Блокирани се сите граници со Македонија, БиХ, Црна Гора и Србија. Паркирани се над 75 илјади камиони.
