Собрание

Седница на Комисијата за одбрана и безбедност денеска во Собрание

27.01.2026 09:33

Комисијата за одбрана и безбедност ќе дискутира за набавка на лесни оклопни возила „Страјкер“...

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе ја разгледа Информација за потребата на доделување на Амандаман број 2 на Договор за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402).

Амандманот се однесува на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала „STRYKER“ MK‑B‑UCE, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.