САД

Белата куќа најави повлекување на агентите од Минесота

27.01.2026 10:05

Трамп претходно изјави дека ќе го испрати Том Хоман, службеникот на Белата куќа задолжен за имиграцијата, да работи со локалните власти откако агентите за имиграција го убија 37-годишниот Алекс Прети за време на судирите со демонстрантите во Минеаполис во саботата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп сериозно размислува за повлекување одреден број агенти за имиграција од Минесота. Трамп претходно изјави дека ќе го испрати Том Хоман, службеникот на Белата куќа задолжен за имиграцијата, да работи со локалните власти откако агентите за имиграција го убија 37-годишниот Алекс Прети за време на судирите со демонстрантите во Минеаполис во саботата.

„Г-дин Хоман ќе продолжи да ги спроведува законите за имиграција на нашата нација, особено депортирањето на најлошите од најлошите криминалци во Минесота кои извршиле насилни прекршоци. Многу од нив имаат пресуди за напад, возење под дејство на алкохол“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.

Белата куќа тврди дека Трамп не сака да гледа повредени или убиени луѓе на улиците на САД.