Индија

ЕУ и Индија постигнаа договор за слободна трговија

27.01.2026 10:47

Договорот и дава на ЕУ пристап до една од најбрзо растечките големи економии во светот, помагајќи им на европските извозници и инвеститори да ја намалат својата зависност од понестабилните пазари.

По речиси две децении преговори, ЕУ и Индија постигнаа договор за слободна трговија за продлабочување на економските и стратешки врски. Договорот доаѓа во време кога Вашингтон ги таргетира и Индија и ЕУ со високи тарифи.

Договорот и дава на ЕУ пристап до една од најбрзо растечките големи економии во светот, помагајќи им на европските извозници и инвеститори да ја намалат својата зависност од понестабилните пазари.

Формалното потпишување на договорот веројатно ќе се случи подоцна оваа година, откако договорот ќе биде одобрен од Европскиот парламент и Европскиот совет.