Франција

Францускиот парламент ја поддржа забраната за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години

27.01.2026 19:41

Претседателот Макрон ги издвои социјалните медиуми како еден од факторите за насилството меѓу младите луѓе и повика Франција да го следи примерот на Австралија, која во декември воведе прва забрана за лица под 16 години на социјалните платформи.

Долниот дом на францускиот парламент ја поддржа забраната за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години. Предлог-законот сега оди во Сенатот, пред конечното гласање во Долниот дом.

Претседателот Макрон ги издвои социјалните медиуми како еден од факторите за насилството меѓу младите луѓе и повика Франција да го следи примерот на Австралија, која во декември воведе прва забрана за лица под 16 години на социјалните платформи.

Велика Британија, Данска, Шпанија и Грција исто така разгледуваат мерки за регулирање на достапноста на социјалните мрежи. Европскиот парламент побара ЕУ да утврди минимална возраст за пристап во онлајн-просторот.