Со сливата против анемија

10.09.2014 11:48

Сливата превентивно се користи при анемија, физички и интелектуален замор, депресија, нарушување на функцијата на црниот дроб, хроничен ревматизам и артериосклероза...

Сливата содржи многу драгоцени заштитни материи (витамини, минерали, ензими, целулоза) меѓу кои некои делуваат многу лаксативно, а има ограничена енергетска вредност (околу четири пати помалку отколку во лебот).
 
Овие карактеристики ја прават сливата одлична храна која има огромни предности во однос на сите останати видови на овошје.
 
Сливата превентивно се користи при анемија, физички и интелектуален замор, депресија, нарушување на функцијата на црниот дроб, хроничен ревматизам и артериосклероза.
 
Таа е идеална да се конзумира свежа, но од неа може да се прави компот, џем, мармалад и традиционални слатки. Шеќер речиси и не треба да се додава, бидејќи сливата е многу богата со овошен шеќер.
 
Сепак, треба да се внимава дека преголемо внесување на овошје и вода во организмот може да предизвика стомачни проблеми и дијареа.
 
Сливите не само што се богати со железо, туку ја подобруваат способноста на организмот да го прими овој минерал, што е многу важно во случај на анемија.
 
Ова овошје е богато и со калиум, кој е важен за регулирање на притисокот и работата на срцето.