ССМ
ССМ утре на протест ќе бара минимална плата од 600 евра
27.01.2026 11:41
Барањата познати, минимална плата од 600 евра, зголемување на сите други плати по сто евра, достоинствен живот на работниците.

Утре од 17 часот, Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Барањата познати, минимална плата од 600 евра, зголемување на сите други плати по сто евра, достоинствен живот на работниците.
Од ССМ со став, додека соседните држави од јануари ја зголемија минималната плата на над 500 евра, во Македонија таа останува на 396 €. Оттаму велат дека незадоволството расте и затоа работниците излегуваат на улица.
Протестот ќе почне од пред ССМ, преку Собранието и Стопанската комора, па се до Владата.
