УХМР

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

27.01.2026 09:58

Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија. Најмногу дожд во Крива Паланка...

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде измерени се-3 степени. Следуваат 0 степени во Лазарополе, 1 во Крушево, Маврови Анови, Ѓуриште, 2 во Пожаране, 3 во Крива Паланка, Претор, Берово, Тополчани, 4 во Охрид, Битола, Прилеп, Виница, 5 во Штип, Тетово, Куманово, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 8 Гевгелија.

Најмногу дожд имало во Крива Паланка каде се измерени 39 л/м2, а тука се и 26 л/м2 Виница, 23 л/м2 Берово, 20 л/м2 Скопје – Петровец, 19 л/м2 Струмица, 18 Гевгелија, Демир Капија, Штип, 17 Кавадарци, Прилеп, 14 Ѓуриште, Тополчани, Куманово, Велес, 13 Крушево, 10 Попова Шапка, Претор, Охрид, 6 Скопје – Зајчев Рид, Битола, Пожаране, Тетово, 5 Радовиш – Пожар, 4 Лазарополе, 1 Маврови Анови.

Најмногу снег има на Попова Шапка 31 см, додека пак 2 см е во Маврови Анови.