Се урна покрив на театар во Лондон
Лондон
Најмалку 88 луѓе се повредени, а седум се во сериозна состојба во големата несреќа која се случи вчеравечер во областа Сохо во централен Лондон, кога се урна дел од покрив за време на театарска претстава. Во инцидентот нема загинати. Сведоците велат дека состојбата била запрепастувачка.

Лондон
Најмалку 88 луѓе се повредени, а седум се во сериозна состојба во големата несреќа која се случи вчеравечер во областа Сохо во централен Лондон, кога се урна дел од покрив за време на театарска претстава. Во инцидентот нема загинати. Сведоците велат дека состојбата била запрепастувачка.
- Со сопругот бевме на театарска претстава одеднаш слушнавме силен тресок, помисливме дека е дел од шоуто, но потоа сите почнаа да викаат „внимавајте“. Почна да паѓа дел од плафонот и ништо не се гледаше. Се направи облак од прашина. Сите беа во паника. Се се случи за неколку минути.
Во моментот на несреќата во салата имало 720 посетители. Театарот е изградена во 1901 година. Сеуште не се познати причините за уривањето на покривот, но полицијата ја исклучува можноста за терористички напад .
Судан
Јужен Судан на раб на граѓанска војна, ексалираат судирите меѓу бунтовниците и владините трупи. Тројца индиски мировници загинаа при напад на базата на ОН, генералниот скретар Бан Ки Мун загрижен за состојбата, а американскиот претседател Барак Обама наредил да се зајакне безбедноста на амбасадата на САД. 45 војници се испратени за да ги заштитат граѓаните и имотот на американците во Судан, и ќе останат додека не се подобри безбедносната ситуација.
Манила
Оружен напад на аеродромот „Ниној Акино„ во Манила Филипини.. Градоначалник неговата сопруга и уште две лица, кои ги придружувале, загинаа откако непознати лица на мотоцикл пукале во нив и веднаш избегал. Директорот на аеродромот соопшти дека уште шест патници се ранети. Полицијата сеуште го истражува случајот.
Перу
Најмалку 15 луѓе загинаа, а над 50-тина се повредени, откако автобус полн со патници, изгубил контрола и паднал во клисура во близина на градот Перу, Лима. Спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да им помогнат на повредените патници. Меѓу загинатите има и едногодишно дете. Минатата година во Перу загинале над 4000 луѓе во сообраќајни незгоди, поради лошата состојба на автопатиштата.
Марија Петковска
