Транспортерите предупредуваат, ЕЕС системот е удар врз економијата
Регулацијата на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, која ќе започне од 10 април, сериозно ќе ја наруши работата во транспортниот сектор. Сопствениците предупредуваат дека дополнителните трошоци и административни обврски дирекно ќе се одразат врз цените на услугите, конкурентноста на пазарот и опстанокот на помалите транспортни компании…

Воведувањето на ЕЕС системот предизвикува сериозна загриженост кај транспортниот сектор. Новата регулација за престој во Шенген-зоната ќе биде дополнителен удар врз нивното работење, врз цената на транспортните услуги и конкурентноста на домашниот пазар, вели Златко Буревски- сопственик на транспортна компанија.
Во вакви услови, со зголемувањето на финансиските трошоци, дел од фирмите нема да можат да опстанат. Ќе бидат принудени да ги затвораат компаниите, да отпуштаат, или пак, да вработуваат двојно повеќе професионални возачи кои се дефицит на пазарот на труд или во краен случај да ги префрлат бизнисите во земјите од ЕУ.
Транспортните компании апелираат до институциите за одложување на примената на ЕЕС системот, како и за воведување на транзициски период, со цел да се спречи колапсот на секторот кој е клучен за домашната економија.
Денес е вториот ден од протестите на транспортерите, граничниот премин „Меџитлија“ е затворен за влез и излез на товарни возила, додека патничкиот се одвива непречено.
Александра Максимовска
