УХМР

Водостојот на реката Струмица е во намалување

27.01.2026 11:53

Според најновата хидролошка информација водостојот на реката Струмица е во намалување, но можно е на поедини места во струмичко поле да има локални заезерувања...

Според најновата хидролошка информација водостојот на реката Струмица е во намалување, но можно е на поедини места во струмичко поле да има локални заезерувања.

И покрај тоа што сè уште се високи водостоите на реките Лепенец, Кумановска, Брегалница, Пчиња и Крива Река, состојбата со излевање на водотеците е стабилна и се очекува така да остане до крајот на денов.