Економија
Шенген- правилата проблем за транспортерите
27.01.2026 13:20
Стопанствениците предупредуваат дека одлуката на Европската унија ќе ги зголеми дополнителните трошоци и административни обврски, што директно ќе се одрази врз цените на услугите…

Регулацијата на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, која ќе започне од 10 април, сериозно ќе ја наруши работата во транспортниот сектор.
Сопствениците предупредуваат дека дополнителните трошоци и административни обврски дирекно ќе се одразат врз цените на услугите, конкурентноста на пазарот и опстанокот на помалите транспортни компании.
Александра Максимовска известува од протестот на транспортерите од граничниот премин „Меџитлија“. Возачите на камиони не се мешаат во патничкиот сообраќај, кој се одвива редовно и без прекини.
