Се санираат последиците од поплавите во струмичко
Поплави во струмичко Муртино, а во Костурино надојдените води однесоа стадо со овци. Граѓаните бараат редовно чистење на речните корита и одводните канали, но и казни за сите што фрлаат отпад во реките…

Со моторни пумпи и прекопана улица се празнеше дворот со вода на Гоневи од струмичко Муртино. Малку недостасувало водата да му влезе и дома која му однесе околу 13 илјади корени расад пролетна зелка.
Надојдените води го пробија речното корито и поплавија дел од пластениците меѓу Муртино и Сачево. Жителите побараа подигање на трапот на реката.
Струмички Комуналец е на терен. За да се избегнат поголеми штети им помогнала механизација од приватни компании.
Освен нередовното чистење на речните корита, проблем е и отпадот што го одлагаат несовесни граѓани. Во реките се фрла пластика цврст, но и земјоделски отпад.
Надојдените води штети предизвикаа и во струмичко Костурино, каде биле однесени околу 100-тина овци и јагниња од штала во месноста Шапово.
Ване Трајков
