Руско - украински конфликт
Три лица загинаа, десетици се повредени во новите руски напади врз Украина
27.01.2026 18:27
Противвоздушната одбрана на Украина соопшти дека во текот на ноќта Русија лансирала 165 нападни дронови, од кои 135 биле соборени...

Нови напади во источна и јужна Украина. Три лица загинаа, десетици се повредени, а оштетена е и инфраструктура.
Противвоздушната одбрана на Украина соопшти дека во текот на ноќта Русија лансирала 165 нападни дронови, од кои 135 биле соборени.
Во исто време, руското Министерство за одбрана информира за освоени села во регионите Харков и Запорожје, каде што руските сили ја продолжуваат својата офанзива.
Администрацијата на Трамп сигнализираше дека безбедносните гаранции ќе зависат од тоа дали Украина ќе го отстапи регионот Донбас на Русија.
