Акција „Месо“: Се апсат министри- криминалци и затајувачи на данок во БиХ
Во рамките на акцијата „Месо“ против даночниот криминал се претресуваат повеќе локации и претпријатија во целата земја...

Министри – затајувачи на данок зад решетки во Босна и Херцеговина (БиХ). Федералните министри за земјоделство и за трговија Лијановиќ и Бахиљ, заедно со уште 12 лица се осомничени дека затаиле 5,5 милиони евра.
Во рамките на акцијата „Месо“ против даночниот криминал се претресуваат повеќе локации и претпријатија во целата земја.
Активностите се спроведуваат на вкупно 14 локации во градови ширум БиХ, ќе биде реализирано апсење на околу 10 осомничени лица, претреси во три претпријатија, а меѓу осомничените има и познати имиња од стоапнскиот и јавниот живот во државата, соопшти Обвинителството на БиХ.
Со акцијата раководи Јавниот обвинител на БиХ, а во активностите на теренот учествуваат повеќе стотина припадници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) и Управата за индиректно оданочување на БиХ.
Меѓу другото, станува збор за даночни и царински затајувања во износ од повеќе милиони конвертабилни марки, извршени со основање и подоцна фиктивно затворае на претпријатија, кои оставиле големи даночни долгови.
Спорните претпријатија се занимавале со увоз, производство и преработка на месо и месни производи, а буџетот на БиХ, како и сите граѓани, се оштетни за повеќе милионски суми.
