Прифатени иницијативите, ќе се проверува уставноста на Законот за прекршоци
Уставниот суд одлучи да ја проверува уставноста на Законот за прекршоци, за спроведување на системот „Безбеден град“. Двете поднесени иницијативи од политичките партии на Алијанса за Албанците на Села и Таравари, како и граѓанската, се прифатени. Се оспоруваат начинот на доставување опомени преку пораки, имплементацијата само во три града, а бараат и двојазичност во известувањата за прекршоци…

Уставниот суд формира два предмети за двете иницијативи со кои се оспоруваат дел од измените во законот за прекршоци, а се однесуваат на системот безбеден град.
Според првата иницијатива, поднесена од Зијадин села, Илире Даути и Елми Азири, спорно тоа што овој проект наметнувал законска обврска за поседување на личен телефонски број и електронска адреса, со цел комуникација при евентуален сообраќаен прекршок. Дополнително, го оспоруваат и како што велат, непочитувањето на законот за употреба на јазиците, како и фактот што системот првично ќе спроведува само во Скопје, Тетово и Куманово. Тие тврдат дека ова е показател дека под лупа била ставено само албанското население.
И дел од втората иницијатива, поднесена од или Пачку, се однесува на истиот член. тој тврди дека системот ќе има селективна територијална примена, со која се создава различен третман на граѓаните, врз основа на географската локација. Дополнително, за Пачку спорна била и пилот фазата, за која тврди дека е нејасна и временски ограничена.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во првата фаза, камерите ќе функционираат на точки со зголемен ризик, а во текот на годината, системот ќе се проширува на територијата на цела Македонија. Ќе се активираат и возила на министерството со мобилни камери, кои најмногу ќе дејствуваат на црните точки. Измените на законот за прекршоци беа изгласани во македонското Собрание, со 81 глас „за“.
Марија Котовска
