Хаосот со паркирање на скопскиот Клинички центар, конечно ќе добие решение
Хаосот со паркирање на скопскиот Клинички центар после долги години, конечно ќе добие решение. Две монтажни катни гаражи и 500 нови паркинг-места, кои ќе ги изгради Град Скопје, а ќе раководи Јавното претпријатие Паркинзи...

Град Скопје по денешната владина седница очекува да ги добие ингеренциите да постави монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и со што ќе се реши деценискиот хаос во паркирањето. 500 нови паркинг места ќе им бидат на располагање и на пациентите и на здравствените работници.
Додека да се изградат катните гаражи кај Клиниката за гинекологија и за Инфективни болести, граѓаните коишто денеска ги носеа нивните блиски на лекар револтирано зборуваа за нивното искуство да се најде паркинг место.
Со години наназад се бара решение за овој горлив проблем, но обидите остануваа без реализација. На паркингот на Клинички дневно влегуваат околу 5.000 возила, а има само 1.000 паркинг места.
Наташа Јанчиќ Менковски
