Влада
Влада: Ќе се воспостави механизам за заштита од злоупотреба на стратешките тужби против јавното учество
27.01.2026 19:17
Формирана е работна група, ова е јасен сигнал дека владата има слух, храброст и проактивност да се соочи со суштински прашања“, соопшти владината портпаролка Митева...

Ќе се воспостави механизам за заштита од злоупотребата на стратешки тужби против јавното учество, тема за која со години зборуваат и бараат новинарите и медиумската заедница. Формирана е работна група, ова е јасен сигнал дека владата има слух, храброст и проактивност да се соочи со суштински прашања“, соопшти владината портпаролка Митева.
На денешната седница на владата донесени се низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската унија, информираат од владината прес-служба.
