Собрание

Измените на Кривичниот законик пред пратениците

28.01.2026 08:29

Со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни за да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.

Во Собранието пленарна седница на којашто треба да се расправа и да се гласа за измените на Кривичниот законик, поднесени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Целта е велат, отстранување на слабостите во постојните одредби и постапување согласно решението на Уставниот суд од пред речиси една година.

Со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни за да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.

Пратениците треба да го изберат новиот состав на Државната изборна комисија. СДСМ за претседател го предложи поранешниот министер за правда и за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Најголем дел од нив и досега беа дел од највисокото изборно тело.

На пленарката треба да се изберат и 7-те члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.