Нема шуга во Скопје, но има три нови случаи на жолтица
10.09.2014 13:04
Oткриени три нови случаи на жолтица. Две се сестри на осумгодишна вораст, а едно е на 11 годишна, сите од Шуто Оризари...

Нема Шуга во Скопје, велат од Центарот за јавно здравје, по информациите дека оваа болест се појавила во трговските центри во македонската метропола.
Не е возможно ова заразно заболување да се добие преку пробување гардероба во бутик, објаснуваат медицинските лица.
Денеска, од друга страна, откриени три нови случаи на жолтица. Две се сестри на осумгодишна вораст, а едно е на 11 годишна, сите од Шуто Оризари.
Денеска во некои од училишта се прави дезинфекција. Здравсттвените власти велат дека состојбата е под контрола.
