Уапсен маж кој нападна пратеничка во Минеаполис
Инцидентот доаѓа во момент на растечките немири во градот по убиството на двајца американски државјани од федерални агенти. Омар претходно побара одговорност за убиствата, укинување на федералната служба за имиграција и оставка на секретарката за внатрешна безбедност Ноем.

Маж уапсен во Минеаполис откако испрска непозната супстанција врз пратеничката Илхан Омар додека говореше за имиграциската политика на Трамп. Инцидентот доаѓа во момент на растечките немири во градот по убиството на двајца американски државјани од федерални агенти. Омар претходно побара одговорност за убиствата, укинување на федералната служба за имиграција и оставка на секретарката за внатрешна безбедност Ноем.
„Вистинската правда и одговорност започнуваат со целосна транспарентна истрага и законска акција против федералната служба за имиграција. Таа не може да се реформира. Мораме да ја укинеме засекогаш. А секретарката Кристи Ноем, мора да поднесе оставка или да се соочи со импичмент“, изјави Илхан Омар, демократска пратеничка од Минесота.
Трамп отфрли прашања за инцидентот со пратеничката Омар и најави дека ќе ја деескалира ситуацијата во Минесота, откако граничниот агент Том Хоман презеде контрола по заминувањето на дел од агентите. Претседателот додаде дека не го смета убиениот Алекс Прети за „атентатор“, иако смета дека не требало да носи оружје.
„Од Минесота отстранивме илјадници закоравени криминалци, верувале или не. И сето тоа функционира. Сега го имаме Том Хоман таму, тој е одличен. Се сретна со гувернерот, градоначалникот и сите други. И ќе ја деескалираме малку ситуацијата. Но, не мислам дека тоа е повлекување. Тоа е мала промена“, рече Доналд Трамп, претседател на САД.
Во меѓувреме, според првичниот извештај на националната безбедност во инцидентот со Прети пукале двајца полицајци.
