Газа

Последниот заложник предаден, Рафах отворена

28.01.2026 11:00

Преминот ќе биде отворен само за пешачки сообраќај и нема да се користи за товар, овозможувајќи им движење на Палестинците по речиси две години затворање. Израел останува на ставот дека нема обнова на Газа без демилитаризација.

Израел го отвора граничниот премин Рафах по предавањето на телото на последниот заложник од Хамас. Преминот ќе биде отворен само за пешачки сообраќај и нема да се користи за товар, овозможувајќи им движење на Палестинците по речиси две години затворање. Израел останува на ставот дека нема обнова на Газа без демилитаризација.

„Ние го контролираме Рафах, нема да биде отворен за стока. Ги слушам и изјавите дека ќе дозволиме обнова на Газа пред разоружувањето, но тоа нема да се случи. Слушнав дека ќе донесеме турски и катарски војници во Газа и ќе дозволам воспоставување палестинска држава – и тоа нема да се случи“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.