Град Скопје

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар

28.01.2026 09:07

Град Скопје започнува со реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар, со цел создавање современ спортско-рекреативен простор за сите генерации.

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на реката Вардар, проект со кој Скопје добива нов современ спортско-рекреативен простор. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршија обиколка на локацијата, каде од утре официјално стартуваат градежните активности.

Проектот предвидува изградба и целосна реконструкција на терени за фудбал, одбојка и баскет, како и поставување модерни фитнес зони на отворено. Паралелно ќе се унапредат и спортските терени во Маџир Маало, како дел од плановите за рамномерен развој и вложување во здравјето на граѓаните.