Македонија

Регистарот за вистински сопственици недоволно искористен

28.01.2026 13:55

Регистар за откривање на вистинските сопственици на компании постои, но не се користи, иако овие информации се клучни за откривање и спречување корупција, но и за лоцирање судир на интереси и злоупотреба на јавните ресурси. Претставници на надлежните институции и невладините бараа начин како да се надмине јазот...

Иако воспоставен пред пет години, регистарот на вистински сопственици на компании останува неискористен, иако преку него може да се идентификуваат и функционери кои имаат удел или интереси во одредени деловни субјекти.

Претседателот на Aнтикорупциска очекува до 2027 година да се поврзат со регистарот за поефикасна проверка на потеклото на имотот на функционерите.

Директорката на Бирото за јавни набавки појасни дека преку Централниот регистар ги добиваат сите информации за компаниите кои учествуваат на тендери преку електронскиот систем.

Вакви регистри на вистински функционираат во стотина земји, а најефикасно се спроведува во Oбединетото кралство. Во македонскиот регистарот има записи за околу 3.000 компании.

 

Игор Панов