Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен

28.01.2026 11:54

Триесет и осумгодишниот Србин ја постигна својата 103-та победа на Австралија Опен, надминувајќи го рекордот од 102 победи на Швајцарецот Роџер Федерер.

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд по победи на Австралија опен.

Триесет и осумгодишниот Србин ја постигна својата 103-та победа на Австралија Опен, надминувајќи го рекордот од 102 победи на Швајцарецот Роџер Федерер.

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето откако неговиот противник, Италијанецот Лоренцо Мусети, се откажа поради повреда на бутен мускул при водство со 2:0 во сетови.

Десеткратниот шампион на Грен слемот во Мелбурн, во полуфиналето ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон.