Стратегија за проширување на ЕУ
Oценето дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Во извештајот стои дека Нерешените билатерални прашања меѓу земјите од ЕУ и земјите-кандидатки треба да се решаваат билатерално...

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои Извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ, предложен од литванскиот европратеник, Петрас Ауштревичиус.
Oценето дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Во извештајот стои дека Нерешените билатерални прашања меѓу земјите од ЕУ и земјите-кандидатки треба да се решаваат билатерално, и да не се користат за блокирање на пристапниот процес.
Во документот се посочува дека пристапувањето мора да биде процес базиран на заслуги и секој кандидат да биде оценуван според сопствените заслуги во однос на исполнувањето на Копенхашките критериуми, усогласеноста со европското законодавство, и дополнителни услови утврдени во Преговарачката рамка.
