Европјаните песимисти за иднината на економијата!
Во време кога Европа се бори со постојан недостиг на изгледи за работа, нејзини членки се песимистички настроени...

Европјаните се песимистички расположени за економската ситуација во унијата во следниот период. 53 проценти од Грците очекуваат економската ситуација да се влоши во текот на следните 12 месеци. Со вакво размислување зад нив се и Французите со 48 отсто.
Во време кога Европа се бори со постојан недостиг на изгледи за работа, нејзини членки се песимистички настроени. Ова го покажа анкетата на Истражувачкиот центар „Пју“, кој презентираше мрачна слика за светската економија.
Анкетата е спроведена во 44 земји. Во Грција, Италија и Шпанија, повеќе од 90 отсто од испитаниците рекле дека сегашната ситуација е лоша, додека тој процент во Франција изнесува 88 отсто.
