Собрание

Донесени измените на Кривичниот законик

28.01.2026 16:01

Собранието набрзина ги донесе измените на Изборниот законик. Избрани и нови членови на ДИК и на Комисијата за заштита од дискриминација.

Изгласани измените во Кривичниот законик. Левица не ги поддржа измените со став дека казните се намалуваат за злоупотреба на службената положба и злоупотреба на јавните набавки.

Од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа дека намалување на казните го направила минатата власт, а побараа да се гласа за измените токму поради санкциите во делот на семејното насилство.

Државната изборна комисија е со нов претседател. Бојан Маричиќ седнува на фотељата на Борис Кондарко. Останати старо нови членови на ДИК се потпретседателот Абдуш Демири, Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова и Дитмире Шеху.

Пратениците дадоа пас и за двајцата нови членови на Комисијата за заштита од дискриминација.

 

Миле А.Ристески