Интеграции

Расте поддршката за членство во ЕУ

28.01.2026 17:49

По неколку години пад – поддршката за членството на Македонија во Европската унија е зголемена. Но, патот останува блокиран. Опозицијата критикува, власта го чека предлогот на еврокомесарката Марта Кос...

Се зголемува поддршката на македонските граѓани за членство во ЕУ. Последната анализа на јавното мислење на институтот за демократија покажа 71 процент поддршка, но поделено мислење како до членство.

46 посто од граѓаните сметаат дека ЕУ е неправедна при процесот на пристапување за Македонија.

Првиот човек на собраниската Комисија за европски прашања Милошоски, очекува ЕУ конечно да ги каже модалитетите за членство на кандидатите.

За тапкањето во место, според претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Филипче е одговорна власта, која одбива да ги спроведе преземените обврски. За напредување кон ЕУ да се исполнат реформите и преземените обврски од преговарачката рамка, повика евроамбасадорот Рокас.

Еу ќе помага за спроведување на реформите за да Македонија што побрзо напредува во пристапниот процес.

 

Ирина Гелевска