Македонија

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска

28.01.2026 18:20

На средбата се разговараше и за зголемување на трговската размена и поголема соработка меѓу компании од двете земји...

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски, кој денеска во рамки на работната посета на Загреб оствари средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска.

Средбата е од големо значење заради потенцирање на проблемот со македонските превозници, односно превозниците од земјите од Западен Балкан, а се со цел обезбедување на силна поддршка од бизнис комората на Хрватска и изнаоѓање на соодветно решение во рамки на ЕУ, како би се надминал проблемот со електронската евиденција и работната активност во шенген зоната.

Ваквата состојба претставува сериозна закана за економската стабилност и развој доколку не се изнајде решение, порача Николоски.

На средбата се разговараше и за зголемување на трговската размена и поголема соработка меѓу компании од двете земји.