Познат дилер од Велес екстрадиран во Македонија

10.09.2014 14:21

43 годишниот велешанец бил дел од 8 члена група која пред две години организирала транспорт на дрога од земјава до Шпанија...

Познат нарко дилер од Велес вчера од Грција е екстрадиран во земјава откако полицијата по него распиша меѓународна потерница за издржување на десетгодишна затворска казна.

43 годишниот велешанец бил дел од 8 члена група која пред две години организирала транспорт на дрога од земјава до Шпанија. Откако полицијата ја пресече криминалната мрежа, нарко дилерот кој бил нејзин организатор, според полициски сознанија, побегнал во Бугарија каде добил и државјанство.

Во мај годинава е уапсен во Грција кадешто му беше одреден екстрадициски притвор од каде беше транспортиран во земјава.