Собрание

Пратенички прашања денеска во Собрание

29.01.2026 08:00

Oвие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред – поставување пратенички прашања.

Oвие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.