Македонија

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, магла во одделни котлини

29.01.2026 08:05

Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.