Превозници

Граничните премини и денеска блокирани

29.01.2026 08:49

Стопанството трпи штети, ако наскоро нема решение, и автобуските превозници ќе се приклучат на блокадите.

Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата.  Четврти ден камионите на превозниците од регионот се паркирани на граничните премини кон Шенген – зоната, бидејќи се бара промена на правилото за влез и излез од ЕУ.

Стопанството трпи штети, ако наскоро нема решение, и автобуските превозници ќе се приклучат на блокадите. Според проценките на стопанските комори, штетите од блокадите изнесуваат околу 100 милиони евра дневно на регионално ниво.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува проблемот да биде надминат и најави повторно отворање на темата со Европската комисија, посочувајќи дека прашањето е на маса уште од септември минатата година.