„Гришко“ со втора фабрика во Македонија, ќе отвори 160 до 200 нови работни места

10.09.2014 14:42

Компанијата која почна со работа пред една ипол година, и која во демирхисарско произведува балетски обувки и опрема, наметени за извоз, во моментов вработува 82 работници...

По Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Текнохозе, и руски Гришко се реши по втор пат да инвестира во Македонија. На есен стартува изградбата на нивната нова фабрика, во која вложуваат повеќе милиони евра и која треба да донесе дополнителни, од 160 до 200 нови вработувања.

Компанијата која почна со работа пред една ипол година, и која во демирхисарско произведува балетски обувки и опрема, наметени за извоз, во моментов вработува 82 работници.

Директорот на компанијата, на средба со премиерот Никола Груевски, го претстави бизнис – планот.

„На почетокот нашите работници мораа да го поминат процесот на обука, за да научат како да ги произведуваат овие модели на обувки. Нашите работници практично почнуваат од нула,бидејќи во Македонија никој досега не работел на ваков вид на производ и недостасува искуство.  Во нашата прва фабрика работат осумдесеттина луѓе кои успешно го научија процесот на работа. Се надевам дека моето скромно вложување во Макеоднија ќе заврши со успех“, изјави сопственикот на компанијата, Николај Гришко.

Најдобар индикатор за странските ивнестиции кога ќе дојдат во Македонија е што отвараат дополнителни капацитети, смета министерот за привлекување стански инвестиции, Бил Павлески.

„Тоа кажува дека бизнис климата во Република Македонија е многу добра и самите инвеститори одлучуваат да отоворат дополнителни капацитети за проширување на нивниот бизнис“, потенцира Павлески.