Судиите избираат член на Судскиот совет од немнозинските заедници
Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите.

Судиите денеска на непосредни избори гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението.
Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите.
Огласот за избор на член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението, Судскиот совет го објавен на 20 ноември 2025 година.
Изборот е на местот на судијата Ханиф Зендели, од Апелациониот суд Гостивар, чиј шестгодишен мандат истекува. Зендли за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението беше избран на 22 јануари 2020 година.
