Кина
Стармер ја посети Кина за прв пат по осум години, оствари средба со Си Џинпинг
29.01.2026 08:27
Посетата има за цел проширување на можностите за британските компании и потпишување договори за трговија и инвестиции...

Британскиот премиер Кир Стармер ја посети Кина за прв пат по осум години и се сретна со претседателот Си Џинпинг, во обид за подобрување на заострените односи меѓу двете земји. Посетата има за цел проширување на можностите за британските компании и потпишување договори за трговија и инвестиции.
„Во последниве години, имаше пресврти во односите меѓу Кина и Велика Британија, кои не се во интерес на двете земји“, изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.
„Многу сум задоволен што сум премиер кој доаѓа тука за прв пат по осум години“, изјави Кир Стармер • премиер на Велика Британија.
