Европска унија
Европската комисија го отвора прашањето за долгорочен престој во шенген зоната за професионалци
29.01.2026 09:11
Стратегијата за визите предвидува упатства во ЕУ за зајакнување на конкурентноста и безбедноста...

Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите и втората за миграцијата и азилот.
Стратегијата за визите предвидува упатства во ЕУ за зајакнување на конкурентноста и безбедноста. Предвидени се издавање на економски визи во траење од 5 години за професионалците како возачите на камиони, спортистите и уметниците коишто имаат потреба да престојуваат повеќе од 90 дена во 180 дена согласно правилата на шенген зоната.
Стратегијата за миграцијата и азилот предвидува рестриктивни мерки за непријателски настроени трети земји и построг мониторинг на постојните безвизни режими.
