Нови руски напади врз повеќе региони во Украина
Зеленски предупреди на нови масовни удари кои ја поткопуваат дипломатијата и ги повика партнерите да извршат притисок врз Путин за крај на војната...

Жртви и материјални штети се пријавени по ноќните руски напади врз повеќе региони во Украина. Зеленски предупреди на нови масовни удари кои ја поткопуваат дипломатијата и ги повика партнерите да извршат притисок врз Путин за крај на војната.
„Подготовките на Русија за нови удари ја поткопуваат довербата во дипломатијата, а секој што се залага за мир треба да придонесе за запирање на нападите и завршување на војната, бидејќи светот има моќ да го постигне тоа“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во пресрет на преговорите во Абу Даби, американскиот државен секретар Рубио изјави дека прашањето за Доњецк останува клучна пречка за мир и дека САД веројатно ќе мора да обезбедат безбедносна поддршка за евентуален договор. Тој најави можни директни разговори Киев – Москва, додека Кремљ соопшти дека Путин е подготвен за средба со Зеленски во Москва со безбедносни гаранции.
