Португалија

Зимска бура во Португалија, најмалку пет жртви

29.01.2026 15:13

Ветерот достигна над 170 км/ч, корнеше дрвја и покриви, а патиштата и железниците останаа блокирани. Невремето кое се движи кон истокот на Шпанија, веќе ја зеде првата жртва...

Бурата „Кристин“ предизвика хаос во Португалија, при што загинаа најмалку пет лица, а милион домаќинства останаа без струја. Ветерот достигна над 170 км/ч, корнеше дрвја и покриви, а патиштата и железниците останаа блокирани. Невремето кое се движи кон истокот на Шпанија, веќе ја зеде првата жртва.

Издадени се предупредувања за високи бранови, снег и налети на ветер до 90 км/ч.