Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде се измерени-3 степени, најтопло во Демир Капија 9...

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде се измерени-3 степени. Во Скопје-Петровец измерени се 0 степени, Крушево и Маврови Анови 0, Тетово и Лазарополе 1 степен, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 2 степени, Прилеп, Велес, Берово, Кавадарци 3 степени, Охрид, Крива Паланка, Претор 4, Битола, Виница 5, Гевгелија 7, Штип 8 и Демир Капија 9.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде снежната покривка до 07 часот достигна 34 сантиметри.
Наврнат воден талог во изминатите 24 часа најмногу е измерен на Маврови Анови – 12 l/m2, а следат Лазарополе и Пожаране со 10 l/m2, Пожар 6 l/m2, Тетово 5 l/m2, Крушево 4 l/m2 и Претор и Попова Шапка по 3 l/m2. објави Скопје1.мк
