На терен со трудовата инспекција
Тетово е меѓу градовите во кои важат владините мерки за заштита од атмосферската загаденост. Трудовите инспектори за безбедност и здравје при работа секојневно се на терен. На утринскиот состанок беше договорено да се изврши контрола во компаниите кои веќе биле опоменати.
„Вчера со колегата извршивме по два инспекциски надзори. Работодавачите работеа и затоа им дадовме решение за забрана за работа до 11 часот и после 17 часот“, изјави Вели Пајазити – трудов инспектор.

Инспекторите тргнаа на терен. Во индустрискиот дел на градот беа контролирани повеќе компании од градежниот бизнис. Портата на онаа што и ние ја посетивме беше затворена. Во канцелариите не пречекаа сопственикот и неколку вработени.
Уште од утрото се вршеа нарачки на градежен материјал, но даставата беше одложена.
„Во ред е но робата ќе ви биде доставена после 11 часот, зошто сега не работиме“, му рече сопственикот на градежната компанија Сејадин Али на еден свој клиент додека зборуваа на телефон.
Од компанијата велат дека започнале да ги почитуваат мерките од моментот кога дознале за нив.
„Како и секој граѓанин и ние инсистираме максимално да ги почитуваме законите. Работиме од 11 до 17 часот“, додаде Сејадин Али – сопственик на градежна компанија.
Инспекторите во записникот констатираа дека мерките тука се почитуваат. Продолжија со контроли во други компании.
Во Скопје, Битола, Тетово и Кичево важи забраната за работа на отворено пред 11 и после 17 часот. Оваа мерка трае до петок.
Доколку временските прилики останат исти и загаденоста на воздухот остане на високо ниво, периодот во кој треба да се спроведуваат овие мерки можно е да биде продолжен.
Автор: Зоран Јованоски
Снимател: Даниел Евросимоски