Домаќинствата да не излегуваат на слободен пазар, за фирмите поевтина струја за 25 до 40 проценти

10.09.2014 15:05

Во пресрет на први јануари 2015 кога почнува последната фаза од либерализацијата на пазарот со електрична енергија во земјава, компаниите снабдувачи им препорачуваат на домаќинствата да не излегуваат на слободниот пазар, затоа што регулираната цена е пониска од пазарната. Што се однесува до фирмите тие на слободниот пазар, според анализите, ќе имаат цени пониски од сегашните за 25 до 40 % .

„На сите домаќинства им сугерираме да останата на регулираниот пазар и таквата мерка која што регулаторна комисија ја донесе практично е прелевање на цената на електрична енергија произведена во ЕЛЕМ, таа е пониска од пазарната регулираната цена на ЕЛЕМ, како бенефит се пренесува на граѓаните на Република Македонија“, рече Кочо Анѓушев од „Енерџи Деливери Солушнс“.

„Крајанта цена ќе биде збир на она што ќе го договорат со лиценцираните снабдувачи за енергијата, плус мрежарината, која е дел за ЕВН Македонија и дел за МЕПСО и дополнително има такси за пазарниот оператор: Максимумот кој го очекуваме за одредени компании ќе биде сигурно околу 40 посто намалување на цената во споредба со регулираната цена“, рече Нику Берберу од „ЕВН Снабдување“.

Свето Николовски